
Арсими игра допадлив фудбал и бележи одлични резултати како во првенството односно во Втората лига, така и во Купот на Македонија каде совладувајќи го прволигашот Воска Спорт од Охрид стигна до историско четвртфинале, а во првенството оди чекор по чекор и сака да се наметне сериозно за местата кои водат кон Прва лига.
Арсими сезоната ја започна со цел да биде во првите четири места на табелата, но тимот сака и следна фаза во Купот ако се укаже шанса.
Арсими е на четвртото место на табелата со 20 бодови, само четири помалку од лидерот Брегалница, а в сабота на домашен терен Арсими ќе игра против Детонит Плачковица.
Александар Ванев, М-Нет