
Ракометарките на штипски Астибо вечерва запишаа важна и голема победа Ѓорче Петров 2 откако со 31:27 славеа победа за плеј-оф.
Целта на штипскиот суперлигаш се исполнува, а тоа беше место во плеј-офот, за што најави и најдобриот стрелец во Суперлигата, ракометарката на Астибо, Марија Анчева во гостувањето во Трибина на М Нет телевизија.
Во меч каде во првиот дел Астибо сакаше да ги реши дилемите и имаше четири плус на 13:9, на крајот на првиот дел резултатот беше 16:14.
Во вториот дел Астибо сакаше да направи осетна разлика, па резултатот се „скрши“ во последните десеттина минути игра во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип кога Астибо дојде до конечните 31:27.
Сосема очекувано Марија Анчева беше најдобар стрелец со фантастични 22 гола, а пак кај Ѓорче Петров 2 најдобра беше Антонела Ѓероска со осум гола.
Александар Ванев, М-Нет