Антонио Каланоски се врати во Силекс

Антонио Каланоски кој беше најдобар играч на новиот прволигаш Гостивар во изминатата сезона се врати во Кратово и потпиша договор со Силекс.

29-годишниот напаѓач по трет пат се враќа во Кратово и одново ќе го облече дресот на Силекс. Каланоски беше втор најдобар стрелец во Втората лига, но не се договори за продолжување на соработката со Гостивар, па во Кратово доаѓа како слободен.

Охриѓанецот претходно го носеше дресот на Силекс во сезоната 2016/2017 и во сезона 2021/2022 година.

Во својата богата домашна кариера настапуваше за Охрид, Металург, Локомотива, Напредок, Еуромилк, Младост Царев Двор, Силекс, Борец, Струга, Победа, Беласица, Шкупи и последно во Гостивар.