Андре Менсалао е најново засилување за Воска Спорт, Бразилецот се враќа во ПМФЛ

Охридскиот прволигаш Воска Спорт за пролетната полусезона претстави ново засилување. Нов играч на охриѓани е Бразилецот Андре Менсалао, кој во Воска Спорт доаѓа од првенството на Ерменија.

Во минатото Менсалао настапуваше и во Првата македонска фудбалска лига како фудбалер на Шкендија, па мак-фудбалот за него е познат. 33-годишникот е централен играч од средниот ред.

Менсалао кариерата ја започна во Бразил, а потоа замина во Ерменија каде настапуваше за Лори Ванадзор, Севан и Пјуник, додека пак во Кипар настапуваше за екипата на Етникос.

Воска Спорт пролетната полусезона во ПМФЛ ја отвара против екипата на Шкупи на Чаир.

Александар Ванев, М-Нет