Во Кавадаречко пожарникарите работеа во текот на целата ноќ, пожарот значително е намален, но сè уште е активен, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

„Денеска од 06:00 часот на пожарот се ангажирани повеќе екипи на два правци: На правецот од село Дреново кон Ќесендре интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна, 1 скип и двајца вработени; МВР со 1 џип, 1 пинцгауер и четворица вработени; ЈПНШ – подружница „Бор“ Кавадарци со 1 камион, 1 џип и 4 вработени; и ТППЕ Кавадарци со 2 пинцгауери, 1 „Лада Нива“ и 8 пожарникари;

Во реонот на село Раец интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна за вода, 1 скип и 2 вработени; ТППЕ Кавадарци со 1 противпожарно возило и 5 пожарникари; ТППЕ Неготино со 1 џип и 4 пожарникари; како и 4 вработени од МВР“, соопшти Ангелов.
Текстот Ангелов: Пожарникарите работеа цела ноќ, пожарот во Кавадаречко е намален, но сè уште активен е превземен од МАКФАКС.