
Во финишот на преодниот рок Брегалница го ангажираше Амир Фејзулаи за продолжението од Втората македонска фудбалска лига.
21-годишниот Фејзулаи може да ја покрива целата десна линија, вклучително крилната и бековската, а во Брегалница доаѓа од редовите на прилепска Победа, додека пак во минатото има настапувано за битолски Пелистер и за Детонит Плачковица.
Кирил Неделков по три натпревари во дресот на Детонит Плачковица се враќа во Вардар од Неготино, 23-годишниот офанзивец играч за врска оваа лето пристигна во Радовиш од Вардар Неготино, но тој не се задржа долго во Радовиш и се враќа во Неготино.
Во својата кариера Неделков покрај за Вардар Неготино и Детонит Плачковица, има настапувано за радовишка Плачковица, Тиквеш и Неготино од каде и ги прави своите почетоци во фудбалот.
Овој викенд нема второлигашки фудбал поради репрезентативната пауза, а следниот викенд на програмата ќе бидат натпреварите од 4. коло.
Александар Ванев, М-Нет