Американско засилување во Велес – Зион Јанг потпиша за Борец Баскет

Кошаркарскиот клуб Борец Баскет од Велес го официјализираше ангажманот на американскиот кошаркар Зион Јанг, кој ќе го засили тимот во пресрет на плејофот за највисок пласман.

Јанг доаѓа од Чикаго и зад себе има богата колеџ кариера во САД, каде настапувал за неколку NCAA Division I програми – Oakland, Western Illinois и Southern Utah, при што запишал вкупно 132 настапи. Станува збор за играч кој се истакнувал со офанзивниот придонес и стабилниот шут од дистанца.

Своето прво интернационално искуство Јанг го стекнал минатата сезона во првата лига на Азербејџан, каде имал одлични бројки – во просек постигнувал 24 поени по натпревар, додавал по 4 асистенции и реализирал 40 проценти од обидите за три поени, што го вбројува меѓу поефикасните играчи во лигата.