
На 31.08.2020 во периодот од 07.00 до 12.00 часот СВР Штип спроведе акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Од извршената акциска контрола откриени се вкупно 24 прекршоци од нив: 11 за неисправен уред за запирање, два за неисправен уред за управување, два за непродолжена регистрација, еден – неисправни светлосни уреди, еден – неисправни останати уреди, еден – недостатоци на опрема и шест за неизвршен вонреден технички преглед. Санкционирани се и 37 останати прекршоци.