Актуелните градоначалници на Лозово, Пехчево и Зрновци повторно кандидати од ВМРО ДПМНЕ

На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени одлуки за повеќе кандидати за градоначалници. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, меѓу другите ги кажа и имињата за кандидати за градоначалници за општините.

-Кандидати за градоначалници се: за Лозово актуелниот Бошко Петкоски, за Пехчево актуелниот Александар Китански и за Зрновци актуелниот Борчо Коцев. Актуелни градоначаланици коишто зад себе имаат резултати и минат труд во изминатиот период, рече Мицксоки.