Академија Пандев загуби од Детонит Плачковица на пријателски меч

фото: Сашко Петров

Репрезентативната пауза прволигашите и второлигашите ја користат за да одиграат пријателски натпревари. На теренот во Турново, прволигашот Академија Панде и второлигашот Детонит Плачковица одиграа пријателски меч, кој заврши со триумф од 2:3 за второлигашот од Радовиш.

За Академија Пандев двоен стрелец беше Виктор Ангелов, додека пак за Детонит Плачковица стрелаа Аделин Казимов, Зоран Андонов и Дарко Алексовски.

Интересно е тоа што овие две екипи и претходно одиграа пријателски натпревар, кој исто така, заврши со триумф за Детонит Плачковица.

Што се однесува до првенството во ПМФЛ, Академија Пандев е на деветото место со 12 бодови и веќе следниот викенд ќе игра против последнопласираниот Скопје, идеална шанса за „пандевци“ за обезбедат нови три бода и да излезат од бараж зоната.

Од друга страна, Детонит Плачковица предводен од штипскиот тренер Горан Здравков, продолжува да „гази“ и на пријателски натпревар и да нижи победи и против прволигаши. Радовишани се на четвротото место на табелата во ВМФЛ со 24 бодови и сериозно ги наоаѓаат местата кои водат во ПМФЛ.

По завршувањето на репрезентативната пауза Детонит Плачковица ќе гостува кај непоразениот лидер Гостивар, во рамки на 13. коло.

фото: Сашко Петров