Аган Сулимани кариерата ја продолжува во Хрватска – трансфер од ФК Башкими во Радник Крижевци

ФК Башкими официјално потврди дека нивниот фудбалер Аган Сулимани ја продолжува кариерата во Хрватска, откако Радник Крижевци го официјализираше неговиот трансфер.

Сулимани заминува во хрватскиот шампионат како следен чекор во својата фудбалска кариера, а од таборот на Башкими му посакаа многу успех, како и голем број квалитетни и успешни настапи во новиот клуб.

Од ФК Башкими истакнуваат дека овој трансфер е уште една потврда за сериозната и посветена работа на клубот во развојот на младите и перспективни фудбалери од Куманово. Клубот, како што нагласуваат, континуирано создава услови и отвора пат за локалните таленти да направат исчекор кон посилни и поконкурентни европски лиги.

Трансферот на Аган Сулимани претставува позитивен сигнал и за останатите млади фудбалери во клубот, дека со работа, дисциплина и посветеност, можностите за меѓународна афирмација се реални и достижни.