Ќе стане ли крадењето единствен излез од тешката финансиска ситуација за штипјнаи?

Ќе биде ли крадењето излез од тешката финасиска ситуација со која се соочуваат граѓаните. Високите цени на производите, ниските примања, инфлација, сметки за струја и вода, празниците, во првите десет дена од месец јануари ги оставија штипјани со празни џебови. До крајот на месецот велат ќе мизеруваат оти пари нема, но позагрижувачки е факотот што ова не се случува само во месец јануари туку во текот на целата година.

„Какви пари, нема ниту за празниците, катастрофа е. Државата си покачува на нив, за нас нема ниту три дена да поминеме, за празниците, а не цел месец. Празни џебови, животареме.“ – велат граѓаните.

Еден дел од штипјани велат дека доколку се води сметка за трошоците и примањата пари ќе има за цел месец, и покрај тоа што трошоците се големи сепак треба рационално велат да се користат парите.

Граѓаните согласни дека јануари е најдолгиот месец во годината, и најтешко се издржува истиот, но за нив најголемиот проблем лежи во ниските примања и токму затоа до крајот на месецот остануваат со празни џебови.

Лаура Стојанова М-Нет