
Очекувањата на штипјани од новата локална самоуправа беа големи, но за постојани проблеми. Меѓу другото, барањето беше и да се промени лошата состојба на детските и спортски игралишта. Нечистотија, неосветленост, стари и скршени детски реквизити беше речиси катастрофалната состојба, како што ја опишуваа граѓаните. Решение побаравме од првиот човек на ЈП „Стипион“, Игор Ефтимов, кој беше согласен за очајната моментна состојба. Решение за проблемот има, вели тој, но граѓаните ќе мора да го почекаат крајот на градежната сезона.
„Откако стапив на фукнција вд директор на ЈП „Стипион“ првото нешто што го направив е обиколка на градот и да ги видам сите спортски и детски игралишта во градот. Генералниот заклучок е дека игралиштатата во последните 4 години воопшто не биле сервисирани и одржувани и се во многу очајна состојба. Бидејќи се уште трае градежната сезона и бидејќи моите рабвотници во овој период вршат санации на некои оштетување, ударни дупки и слично по завршувањето на градежната сезона сите работници ќе се фокусираат прво на санација на оградувањето на спортските и детски игралишта и понатаму на одржување на реквизитите каде треба да се донесат и нови“ – кажа Ефтимов.
Ефтимов најави максимално залагање и во поглед на детските и спортски игралишта. Сепак, напомена дека периодов ќе се заложат за проблеми кои можат да се решат во градежна сезона , а за кои секојдневно добиваат дојави од граѓаните.
Ребека Спасова М-Нет