
Вистинска ерупција од воодушевување се случи во самиот финиш на денешниот натпревар на „градски“ во Штип. Милан Џокиќ во игра влезе во 88 м а веќе во првиот контакт со топката во 90 м. постигна гол со одлична асистенција од Бобан Ѓоргиев за голема радост на „градски,“ дигање на гледачите на нозе на единствената трибина и громогласно навивање „плави„ , „плави“ и за победа изразена со резултат од 2:1. Претходно Мартин Стојанов во последната 45 м. од првото полувреме постигна гол за водство на Брегалница од 1:0. Мартин Стојанов во 38 м. шутираше пенал но ја погоди само стативата од голот на Скопје. Во 74 м. судијата Александар Ставрев кој денеска немаше свој ден, досуди сомнителен пенал за Скопје а сигурен реализатор од 11 м. беше Ален Јашаровски. Брегалница извојува тешка. но мошне слатка победа со која се закова на 4 м. на табелата. Еве ги комплетните резултати од ова 13 коло на ПМФЛ :
- Брегалница – Скопје 2:1
- Македонија ЃП – Шкупи 2:1
- Пелистер – Струга ТЛ 0:1
- Работнички – А. Пандев 0:3
- Ренова – Шкендија 0:1
- Тиквеш – Борец 2:1
ТАБЕЛА
- Шкупи 29
- А.Пандев 25
- Ренова 22
- Брегалница 22
- Шкендија 21
- Струга ТЛ 21
- Работнички 18
- Македонија ЃП 17
- Скопје 16
- Тиквеш 10
- Борец 8
- Пелистер 4
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk