
Ќе се реконструира градскиот стадион „Никола Мантов3 во Кочани, како еден од приоритетите во моментот на Општински фудбалски сојуз Кочани. Ќе се работи на подтрибинските простории, соблекуваните, но предмет на реконструкција ќе биде и дел од теренот на градскиот стадион во Кочани.
„Согледувајќи ги условите нормално ние како фудбалски сојуз на Македонија работиме на приоритети. Моментално приоритет е градскиот стадион Никола Мантов како еден од најголемите стадиони и најстари стадиони кои се изградени на овој дел. И покрај реновирањето кое го имаше пред неколку години од страна на Фудбалска репрезентација и Општина Кочани, сега повторно е усвоено барањето со шпто ќе се подобрат условите на подтрибинскиот простор но и на самиот терен“ – вели Андонов.
Вкупната висина на средства кои ќе бидат издвоени за реконструкција на соблекувалните и уште една подтеренска просторија ќе се знаат дополнително.
„Добивме писмен одговор дека градскиот стадион Никола Мантов ќе се санира, соблекувалните и уште еден дел од подтрибинските простории.
Целта е со подобрување на условите на градскиот стадион во Кочани, овде да се играат и натпревари од меѓународен карактер.
Лаура Стојанова М-Нет