
Климатските услови позитивно влијаеа оваа година врз производството на тутун, со што родот беше добар. Но, преголемата количина на тутун доведе до нов проблем, односно вишокот на тутун да не може да се откупи. Исто така, квалитетот годинава е симнат на пониско ниво и тутунот се класифицира како трета и четврта класа, а цената од 250 денари минатата година достигна цена од едвај 100 до 140 денари годинава. Од овде се јавува и незадоволството кај тутунарите кои имаа тутун но не им се цени доволно, не можат да го продадат и чекат по месец дена да дојат на ред во Откупниот пункт во Карбинци. Претставникот на тутунот производители Барбашки согласен дека проценката на квалитетот на тутунот е слаба.
Вишокот на тутун се пријавува во Министерство за земјоделие одамна, а откупот сигурно ќе трае до 15 февруари со тенденција доколку истиот целосно се откупи рокот да биде продолжен. Во плачковичкиот регион договор за откуп на тутун имаат околу 30 кооперанти и околу 80 до 120 тони тутун. Но производителите имаат многу повеќе тутун околу 300 тони и се прават напори да се откупи целата вишок количина тутун, но дали ова ќе биде прифатено сеуште е непознато. И покрај протестите кои во неколку наврати беа организирани од тутунарите, цената на тутунот не наиде на покачување, односно во зависност од класата се одредуваше и цената. На ниво на целата држава оваа година нема многу квалитетен тутун. Тутунопроизводителите имаат рок до 5 февруари годинава да го пријават вишокот на тутун.
Лаура Стојанова М-Нет