
И покрај фактот дека кочанчани пијат речиси најскапа вода во општините од Истокот, моменталните најави на првиот човек на КЈП Вододвод се дека треба да има дополнително покачување на сметките, со покачување на цената на комуналните услуги. Ова се должи на зголемената цена на електирчната енергија, дециден е директор Иванов.
„Во овој момент, бидејќи кај нас сѐ уште цената на електричната енергија не е променета, однонсо фирмата која не снабдува со струја го нема прекинато договорот, во моментот КЈП Водовод е ликвидно. Меѓутоа, со извесното покачување на цената на електирчната енергија ликвидноста и на нашето претпријатие ќе биде доведена во прашање. Инициравме ние преку здружението даватели на комунални услуги состанок со претставници од Владата, бидејќи проблемот на крај ќе ги засегне сите граѓани. Ќе бидеме приморани поради високата сметка за струја, на непопуларна мерка односно барање од Регулаторна за покачување на цената на комунални услуги“ – вели Иванов.
Според директорот цената на водата во Кочани е во некои средни рамки споредбено со останати општини во државата, додавајќи дека истата ја создава Регулаторната комисија. Кочанчани добиваат вода за пиење преку пумпен систем, се троши многу струја и затоа цените се високи.
Инаку за кавлитетот на вода нема сомнеж вели Иванов, граѓените пијат чиста вода и за тоа не треба да има никакви дискусии.
Лаура Стојанова М-Нет