
Три улици во должина од 5 930 метри квадратни во населба Дузлак започнаа да се припремаат за реконструкција. Со пари обезбедени од Буџетот на Општина Штип ќе се постави асфалтен слој, а во иднина ќе се реконструираат уште две улици во оваа населба.
„Ќе се врши реконструкција на улицата Светиниколска, Скопска и Белградска. Станува збор за износ од 4.5милиони денари пари обезбедени од Буџетот на Општина Штип. На Светиниколска ќе се пристапи и кон реконструкција на водводната мрежа. “ велиЈорданов.
Со изградбата на конзоли на река Отиња, Јорданов истакна дека ќе започне најавената градежна експанзија оваа градежна сезона. Додаде дека година ќе биде запаметена со најмногу капитални инвестиции.
„Изградбата на конзоли на река Отиња веќе од следната недела ќе започнеме со интезивно градење, а веднаш потоа ќе се пристапи и кон изградба на мостот на река Отиња, кој е најавен и ќе придонесе за намалување на сообраќјаниот метеж во централното градско подрачје, но и многу други капитални проекти кои деновиве се работат и ќе се работат во периодот кој следи“- вели Јорданов.
Во оваа прилика Јорданов ги повика граѓаните да пријавуваат проблеми од нивните населби и нивното место на живеење, но апелираше и да бидат трпеливи додека работите на терен се изведуваат.
Лаура Стојанова М-Нет