Ќе остане ли Благој Бочварски во Министерството за транспорт и врски?

Ќе остане ли претходниот штипски градоначалник, Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски? Со новите ситуации на политичката сцена се шпекулира и промена на министерските функции. На новинарското прашање за тоа какви информации има Бочварски за неговото министерско место, тој не прецизираше, туку само напомена дека одлуката е во раце на новиот мандатар.

„Најважно е дека правецот на државата останува, а тоа е правецот на интегрирање на државата во евроатланските структури, односно европските структури, а сè останато е прашање на идниот мандатар, којшто ќе донесе одлука со својот тим да продолжи да ги движи овие важни процеси на државата напред“, додаде тој.

Инаку, Бочварски, беше Градоначалник на Општина Штип од 2017 до 2020 година, кога по парламентарните избори стапи на функција министер за транспорт и врски.

Ребека Спасова МНет