Ќе заживее ли традицијата утревечер да се запалат Коледарските огнови, граѓаните за – црквата против

Ќе се варти ли страта традиција на палење коледарски огнови. Утревечер, ден пред Бадник месните заедници, во повеќе маала низ градовите се собираат и организираат палење на бадникарски огнови, со што означуваат почеток на Божиќните празници. Граѓаните во Штип на терен велат ова како традиција треба да продолжи да се практикува, да има организации и утревечер да заживее традицијата која беше прекината заради ковид пандемијата.

„Да, треба, традиција , наша традиција православна, убава. После тоа адетите дали треба да се пие или не тоа е друго. Околи 10 – 15 до 20 луѓе секоја година се собираме. Организацијата е добра, секој си донесе од дома, кумот донесе погача, тоа што што треба адетот и така“ – велат граѓаните.

За разлика од граѓаните кои велат дека традицијата треба да проодлжи да живее, од црквата велат дека не го оправдуваат палењето коледарски огнови. Според нив палењето оган го губи првичното значење кое го имал истиот, денеска се консумира алкохол и мрсна храна и заради тоа не го оправдуваат.

Од СВР Штип велат не може да влијаат на одлуката дали граѓаните ќе палат бадникарски огнови или не. Контроли ќе се вршат на терен, но само за да се утврди дали се користат пиротехнички средства или не, бидејќи истите се забранети за користење.

Лаура Стојанова М-Нет