Љубовта е најважен елемент за да се доживее длабока старост на 92 години, Стоја Постолова го одбележа својот роденден

Љубов, слога и работа се најважните елементи за да се доживее старост на 92 години. Стоја Постолова од Штип со огромна љубов и желба и денес ги дувна своите свеќи и го одбележа својот 92 годишен роденден. Родена во далечната 1932 година во кочанското село Пантелеј, снаа во село Радање, а денес мајка, свекрва, баба, прабаба и препара баба.

Дека љубовта не познава граници, денес можеше да се забележи на лице место. Во денешницата речи си чудно, но во Штип и тоа е можно, снаа и свекрва да се сакаат како мајка и ќерка.

Инаку, баба Стоја и денес знае да ги засука ракавите и да направи вкусен појадок или пак ручек, да подготви вкусен традиционален зелник, сарма, или пак ориз со вкусно месо. Нејзината фамилија со топло срце секоја година и го прославува нејзниот важен ден во годината, па како што истакнаа за М-Нет, таа е нивната гордост.

Лаура Стојанова, М-Нет