Јорданов: Планираме две индустриски зони во Штип за вистински развој на градот!

Ако се појави инвеститор со интенција да инвестира во Општина Штип, општината не може да му излезе во пресрет. Ова се должи на причината дека Штип не располага со соодветно земјиште за таа намена. Градоначалникот, Иван Јорданов вели за таа цел е просторот од Три чешми до Калимерово да биде индустриска зома, а не простор на кои ќе се постават фотоволтаици. План има и за втора индустриска зона кај Плуждино.

„Затоа што не располагаме со соодветно земјиште и со соодветна инфраструктура. Парцелите кои се планираат да бидат индустриски зони мора да имаат соодветна инфраструктура за да се овозможи да се отвори соодветен погон. Две локации се во наш интерес да бидат развиеникако индустриски зони, едната е на едниот влез од Штип, втората локација е новата индустриска зона која ја планираме и зависи од линија два, а тоа е зоната кај Плуждино на останатиот влез во Штип. Станува збор за површина од околу 70 хектари можност и таму да се отворат производствени погони“ – кажа Јорданов.

Според Јорданов заинтересираноста од страна на компании апсолутно има и затоа будно се следи сиуацијата со првата планирана индустриска зона, на површина од околу 100 хектари.

„Ние во изминатите неколку месеци разговараме интезивно со домашни и странски компании, со претставници на дипломатскиот хор каде што им нудиме можност да инвестираат, да го задржат капиталот во нашиот град“ – додаде Јорданов.

Штип има проблем со текстилниот сектор каде што сопствениците размислуваат за реалуцирање и преструктурирање во стопанството и затоа мора да се носар рационални одлуки. Јорданов е оптимист дека индустриска зона во Штип ќе има и со тоа ќе се задржи развојот на градот кој е центар во Истокот.

Лаура Стојанова М-Нет