
Ќе се модернизира образованието во медицината со цел квалитетно здравство и приближување кон ЕУ, истакна денес мистерката Весна Јаневска. За да се овозможи соодветното образование треба многу да се работи, вели таа, па децидна е дека треба да се превземат сериозни чекори. Истакна дека заедно со министерството здравство од сега ќе се превземат потребните активности.
„Да овозможиме соодветно образование на сестрите и сето тоа е во континуитет веќе неколку години за во овој момент да ги превземеме сериозните чекори. Ќе мора да се модернизира образованието на медицинските сестри и сите техничари како акушери, физеотерапевти и други профили, да се приближиме на ЕУ, но не само поради тоа, туку и да понудиме квалитетно здравство во државата. „, вели Јаневска
Министерот за здравство Арбен Тараври вели дека до крајот на годината ќе има конкурс за вработување со што ќе бидат примени над 1000 лица како медицински персонал.
“Недостаток на медицински персонал има секаде и поради тоа владата превзема чекори, а јас се надевам дека до крајот на оваа година ќе биде објавен и конкурс за вработување и ќе бидат примени над 1000 медицински персонал .“, истакна Таравари
Во согласност со ситуацијата, ваквите промени од една страна ќе пружат поголеми знаења во образовниот процес, а од друга страна и подобро здравство, како и можност младите да останат во државата.
Лаура Стојанова, М-Нет