Јаневска: Законот важи за сите, нема исклучоци, факултетите носат одговорност

Законите и редот важат за сите, исклучоци не може да има“ – порача министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за студентскиот оброк на денешната прес-конференција. Таа рече дека Министерството не смее да постапува надвор од законските рамки, без разлика на незадоволството. Потсети дека и во изминатите две години имало два слични случаи, по што, како што рече, факултетите научиле дека законот мора да се почитува. Според Јаневска, процедурите и обврските мора доследно да се исполнуваат за системот да функционира еднакво за сите.

,,Факултетите се должи, секој месец да достават до министерството список на студенти, кои треба да примат студентски оброк, зошто, затоа што бројот е променлив. И тие тоа редовно го прават, имаат можност од 1 до 20 во текот на месецот, да го достават бројот на студенти. Во овој случај факултетот за безбедност не доставил список и оттука министерството нема начин и законско право да направи било што поинаку од она што го превидува законот. Во претходните две години имавме два вакви случаи факултеттит се научија дека треба да го почитуваат законот.“, рече Јаневска

Министерката Јаневска потенцираше дека факултетот ја носи одговорноста и треба да го реши проблемот во рамки на правилата.

,,Мора да се научиме дека законите и редот важат за сите, исклучоци не може да има се случува нели кога ќе се испочитува законот, а некој не е задоволен од она што го превзел да е незадоволен, па дур и емотивно се обидуваат да побараат од нас да го прекршиме законот, нели греота се студентите, разбирам дека е тоа така, но факултетот си носи одговорност и треба да го реши проблемот.“, вели Јаневска

Инаку, министерката Весна Јаневска и натаму останува на ставот, дека правилата се јасни, а системот мора да функционира во рамки на законот.

Иван Митев, М-Нет