Јаневска: Да ги подобриме условите, за да останат младите во сопствената земја и да допринесуваат во неа

Стручното образование е од исклучителна важност за да младите останат во сопствената држава, истакна минитерката на образование и наука Весна Јаневска додавајќи дека иселувањето на младите е причина за недостатокот на работна сила и проблем за општеството. Со подобрени условите ќе се придонесе промени со кои младите ќе останат во сопствената земја и ќе допринесуваат во неа, вели Јаневска.

“Стручното образование е од исклучителна важност, затоа што општо е познато дека имаме недостаток на на работна рака имаме иселување на нашите млади луѓе, ова е една можност да ги подобриме условите да останат во сопствената земја и да допринесуваат за сопствената земја, за да можеме да помогнеме и да го доразвиеме стручното образование.“; вели Јаневска

Јаневска изјави дека дополнително во тој правец во моментот веќе е при крај и изработката на законот за средно стручно образование со кој ќе се решаваат системски идуалните паралелки.

“ Дополнително во тој правец во моментот веќе е и при крај сработката на законот за средно стручно образование во кој конечно ќе ги решиме системските идуалните паралелки“, додава Јаневска

Со промените во средното стручно образованието, од една страна не само што ќе се подобрат условите при образовниот процес, од друга страна ќе се придонесе и можност за поголеми знаења.

Лаура Стојанова, М-Нет