
Електронски паметни автобуси за јавен превоз, дигитализција на општината и решение на паркинг услугата во градот по принципот на европските градови. Од форумот на градоначалници од Западен Балкан оддржан минатите денови во Чешка, градоналакникот Јорданов истакна дека покрај искуството стекнато таму, ќе се обидат да применат и дел од позитивностите. Ќе се работи на решавање на проблемот со јавниот превоз, паркинг услугата и дигитализација на општината.
„Имплементација на одредени проекти кои се во рамки на смарт сити. Кај нас е актуелен јавниот градски превоз. Следната година наша цел е овој проект да се имплементира. Имаве можност да видиме како функционира јавниот превоз во Чешка, во Прага. Искуство во делот
Јорданов во оваа прилиика исткана дека во Штип ќе се обезбедат пет автобуси за пет линии за градски превоз, а претпријатието ќе функционира во склоп на ЈП Стипион.
„Очекувам на една од наредните седници да се дискутира и да се донесе одлука со која ќе започнеме постапка за набавка на пет нови автобуси кои за почеток ќе бидат рентани и отплаќани на месечно ниво.“ – додаде Јорданов.
Јавниот превоз во Штип е еден од најголемите проблеми за граѓаните од приградските населби, а впрочем и едно од предизборните ветувања на градоначалникот Јорданов. До сега двата јавни повика се неуспешни бидејќи немаше пријавено ниту една фирма која ќе врши јавен превоз на теритрорија на Штип.
Лаура Стојанова М-Нет