
Нефункционалната канализација, уништени патишта, без контејнери за смет и како што велат, неисполнети ветувања за подобрување на инфраструктурата се причините поради кои жителите на селото Ѓуземелци, општин Лозово вчера излегоа на протест. Мештаните бараат решение за проблемите кои, според нив, траат со години и велат дека и покрај бројните укажувања, наместо конкретни чекори добиваат само нови ветувања.
„Канализацијата ја направија пред три години и таа не е во функција, дали изведувачите не си ја знае работата, не е во функција. Патот од село Ѓуземелци до Свети Николе, до соседното село Кнежје, 1400 метри, еве веќе два мандата ни обеќаат дека ќе го побрзат и се уште нема ништо од тоа. Една улица во селото енма направено, една да направеше од 50 метри да речеме ете направи една улица, значи фактички не сме задоволни.“- Миле од село Ѓуземелци
„Чешмата е лом, обеќаа кој знае колку пати сите и претходно обеќаа кој знае колку пати дека ќе ја направат чешмата, може е и историска риска. Водата е чисто изправна, 100% исправна. Канализацијата катастрофа, не само што канализацијата, додека ја правеа канализацијата ги расипаа сите патишта, шахти оставија. Сами поправавме колку да може да миниме, инаку пред тоа сме се собирале смме си правеле патиштата, мислам патот го правеме.“- Никола Малинков
Мештаните дополнително се револтирани и од, како што велат, отсуството на интерес од страна на надлежните, посочувајќи дека проблемите во селото остануваат нерешени и покрај нивните постојани укажувања.
„Тука имам куќа, морам тука да живеам, но патот е скроз уништен, еве сега спаднавме доле, канализацијата, тоа не е канализација, трло за овци.“- Славе Трајковски
„Проблеми има многу. Од избори на избори доваѓаат и на кажуваат само лаги. Канализација бевме, еве јас сум еден од тројцата кој беа долу во комуналното претпријатие, прашавме за канализацијата, они ни дадоа одговор дека имале проблем со изведувачот и дека додека не донесе судот решение да заборавиме на канализацијата.“- Мијалче
„Канализацијата ја оставија така, си ги искршивме колите по тоа рипајќи.“- Петров Борче од село Ѓуземелци
„Ниту дошол овде со луѓето да се види, тој функционира само под климата и фотелјата.“- Иван Миланов
Градоначалникот Бошко Цветковски во телефонски разговор за М-Нет Тв изјави дека во целост ги деманира невистините и дезинформациите изнесени од страна на граѓаните, вели тој дека дел од проблемите се непостоечки а дел се решаваат.
„Општина Лозово во целост ги демантира невестините и дезинформациите кој што се изнесени на тој протест, во однос на локалниот пат цеосно се неточни тврдењата дека не се работи. Градежните активности се одвиваа во две фази, првата фаза беше комплетно завршена, во тек е реализација на втората фаза или градежните активности се одвиваат согласно договорената динамика и предвидени договори а согласно договорот патот треба да биде целосно завршен од прилика за околу три месеци. Во однос на канализационата мрежа и пречистетлната станица, не точно е тврдењето дека тие не постојат, следува една законска постапка за склучување договори со физички лица за приклучување на канализационата мрежа и по завршување на оваа постапка ќе започне приклучувањето на домакинствата затоа што секој треба да склучи договор, да си плати приклучување. Со години се соочуваме со сериозен проблем несовесно фрлање отпад на јавни површини, дел од лицата кој присуствуваа на простестот со години одбиваат да склучат договори за собирање комунален отпад а истовремено истите араат подобри комунални услуги. Некој било кој побарал, постојано сум достапен и на телефон, постојано сум достапен и физички, секое населено место е населено од мене, секогаш кога имало било каков проблем, било какви идеаи да се собираат за реализација на проекти ги имаме непосредно од граѓанитен Ние сме прва општина што направи буџетирање согласно потребите на граѓаните и тоа буџетирање е со разговор со локалното население.“- Бошко Цветковски, градоначалник на општина Лозово
Цветковски уверува дека инфраструктурните проекти во селото Ѓуземелци се одвиваат според предвидената динамика и дека општината останува отворена за комуникација со граѓаните.
Дајана Сандева, М-Нет