
Контејнерите пред зградата на улицата Сремски фронт 15 во штипската населба Сењак 2 секојдневно собираат отпад од половина Штип. Револтираните станари тврдат дека нивните контејнери станале место каде што отпад истура кој ќе стигне. Иако истите се празнат секое утро, до вечер повторно се преполни. Смрдеата, особено во топлите летни денови, станува неподнослива, а трпението на жителите е при крај. Велат дека непријатната миризба веќе навлегува и во нивните домови, па во летните денови речиси и да не можат да ги отворат прозорците за да проветрат.
Станарите оттука, велат дека сите загради си имаат свој контејнер, но и покрај се, додаваат оти нивниот е секој дел полн до врв.
Станарите од овде, замолуваат сите кои минуваат или живеат во соседните згради да не го фрлаат отпадот во нивните контејнери и да го фрлаат ѓубрето во предвидените за нив канти. Апелираат на поголема совесност, бидејќи местото е доста фрекфентно и може да има и бактерии.
Иван Митев, М-Нет