Ѓоргиев главен во Струмица, Иванов ќе им суди на Вардар и Тиквеш, Качевски главен во Охрид!

ФОТО: Телевизија М Нет

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. Познати се судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на натпреварите од претпоследното есенско коло, а кои ќе стартуваат во 13 часот.

Игор Иванов ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Вардар и Тиквеш, каде и двете екипи сакаат триумф и бегство од дното на табелата, Марјан Младеновски го доби дербито на водечките Гостивар и Силекс.

Јован Качевски ќе им суди на Воска Спорт и Шкендија, меч кој се игра на „Билјанини Извори“ во Охрид. Димитар Пилешков ќе биде главен на Чаир каде ќе играат Шкупи и шампионот Струга Трим Лум.

Александар Ставрев ќе им суди на Пелистер и Беса, а пак Брера Струмица дома ќе игра со Работнички, а правдата на овој меч ќе ја дели Крумислав Ѓоргиев.

Александар Ванев, М-Нет