
Нов камион за метење и перење на улиците ќе добие Општина Штип. Станува збор за возило кое ќе биде за потребите на ЈП „Исар“, односно ќе работи на терен со што ќе се придонесе за почист град. Возилото ќе се набави преку Центарот за развој на Источно планскиот регион, а од проектот за Штип се издвоени одколу четири милиони денари. На последната седница на Советот на Општина Штип, советниците донесоа одлука и за кофинансисрање доколку има потреба со цел да се набави возилото кое ќе биде од големо значење за потребите на градот.
„За Општина Штип исто така е набавка на камион за метење и перење на улици. За Општина Штип инвестицијата е четири милиони денари.“ – вели Илиев.
Договорот за набавка на новиот камион веќе е потпишан со што ќе се олесни работата на ЈП Исар, а ќе се подобри и комуналната хигиена во градот.
Во меѓувреме Центарот за развој на ИПР работи и на реализација на други проекти како изработка на физибилити студија за ски центар Царев Врв кој опфаќа два региони и пет општини. Се очекува ова да биде еден од петте најголеми ски центри во регионот. Дополнително ќе се работи на обезбедување смарт табли и садови за селекција на отпад во десет општини во регионт.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет