
Одбојкарите на Штип УГД одиграат уште еден маестрален меч каде со убедливи 3-0 во сетови славеа над Работнички пред својата публика во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.
Без воопшто проблеми момците на Кристиан Ристески доминираа на уште еден меч од Првата лига и забележаа нова победа со што Штип УГД има максимален ефект во домашното првенство.
Првиот сет и вториот сет Штип УГД го доби со 25:18, а третиот сет со 25:14. Махди Задмард имаше 17 поени, репрезентативецот Стојанн Илиев имаше 13 поени. Кај Работнички, Густаво Вера Боланос имаше осум поени, а еден помалку имаше Миодраг Новески.
Овој натпревар е уште една потврда за одличната форма во која е Штип УГД, а после големата победа од 3-0 во сетови и освоениот златен сет над норвешкиот Кол Ил, штипјани се подготвуваат за новиот европски предизвик од Челинџ Купот против италијанскиот Милано.
Првиот меч со италијанскиот тим се игра на домашен терен односно во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, а реваншот е во Италија.
Александар Ванев, М-Нет