
Пред една година, на 10 декември, во „Штип сити мол“ се пресече црвената лента и тогаш новиот трговски центар стана единствен од ваков тип во Источна Македонија, па го привлече вниманието на Штип и регионот. Тогаш бројни посетители од Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Струмица, Радовиш, Делчево и други градови беа дел од збиднувањето, а и до ден-денес граѓани од регионот и цела држава се дел од незаборавното шопинг искуство кое го нуди „Штип сити мол“.
По овој повод викендов е роденденски викенд за „Штип сити мол“ и бројните посетители кои ќе бидат дел од прославата за првиот роденден. Предвидена е забава за сите генерации. В сабота најмалите ќе играат, пеат и ќе се забавуваат со Стела и Сани, на програмата е и комично шоу со Дарко Ѓурчиновски, а ќе се организира и креативна работилница на тема „Среќен роденден, „Штип сити мол“!“. Сето тоа ќе биде проследено со „диџеј сет“. В недела, пак, ќе се слушнат хитовите од „Весело штурче“. Предвидени се и активностите: светот на животните со Војо Иванов, магионичарско шоу со Кристиан Шопов, новогодишна креативна работилница, жонглерско шоу и многу други изненадувања.
Мултифункционалниот објект на „Штип сити мол“, граден по светски стандарди на површина од 12.780 м2, до денес понуди повеќе содржини за сите генерации, а со ова продолжува и понатаму.
Се гледаме на третиот кат од „Штип сити мол“, се вели во поканата на Трговскиот центар по повод првиот роденден.
Ребека Спасова М-Нет