Штип еден од петте центри, каде што до летото ќе има затворен базен

Штип еден од петте центри, каде што до летото ќе има затворен базен. Министерот за спорт Борко Ристевски истакна дека во изминатата недела тие како министерство откочија проблем за изградба на базени, кои што беа почнати пред четири години. Вели дека едена од главните работи на кои тие ќе инвестираат е инфраструктурата, бидејќи спротивно како што изјави не може да има резултати и напредок во спортот.

“Да штипскиот еден од тие базени, така да верувам дека до крајот на летото ќе биде пуштен. Една од главните работи на кои што ќе се потрудиме да инвестираме е инфраструктурата, затоа што веруваме без инфраструктура не можеме да бараме резултати, ниту пак напредок во спортот, така да еден од фокусите е тоа. Во изминатиот период откочивме изминатата недела откочивме еден проблем кој што е изградба на базените, кои што беа почнати пред четири години со ниту еден ден сработено, така да успеавме да го откочиме тој проблем.”, вели Ристевски

Петте базени ќе бидат готови и пуште во употреба до летото, а потоа ќе се преговара за уште 10, додава Ристевски

Инаку, затворениот базен во Штип е предвиден во населба Суитлак и истиот ќе придонесе поголема можност за спортистите како во летниот, така и во зимниот период.

Лаура Стојанова, М-Нет