
Ракометарката на Астибо, Марија Анчева е убедливо најдобар стрелец во женската ракометна Суперлига на Македонија.
Штипјанката има постигнати неверојатни 147 погодоци со што таа е на врвот на ова листа на најдобри стрелци во македонската Суперлига во женска конкуренција.
На второто место на листата на најдобри стрелци е Емилијана Ризовска, која настапува за шампионот Ѓорче Петров која има постигнато 105 погодоци.
Ракометарката на Чаир, Стефанија Ѓоргиевска е трета на ова листа, а која пак има има постигнато 97 погодоци или 50 погодоци помалку во однос на Марија Анчева која е на врвот од оваа листа. На ова листа е и Катерина Дамјановска со 77 погоди, а која пак го носи дресот на шампионот Ѓорче Петров.
Штипјанката долги години е најдобар стрелец во Суперлигата, а ова сезона го водеше Астибо и до пласман во плеј-оф сегментот каде се разигрува за титула и за излез во Европа.
Целта на штипскиот ракометен клуб Астибо е градење на тим од сезона во сезона, а во иднина и сериозна борба за Европа.
Александар Ванев, М-Нет
Александар Ванев, М-Нет