Штипјанката Ивона Наумова со сребрен медал на македонскиот Куп во далечинско пливање

Ивона Наумова освои сребрен медал на Меѓународниот пливачки маратон „Тоше Проески“ во Крушево.

Уште еден голем успех за младата штипска пливачка која освои сребрен медал на Меѓународниот пливачки маратон „Тоше Проески“, кој се одржа на Крушевското езеро.

Наумова својот 18-ти роденден го прослави со голем успех, освојувајќи го второто место во категоријата над 18 години со свој личен рекорд на 2,5 километри освојувајќи го второто место од македонскиот Куп во Далечинско пливање.

Наумова е член на пливачкиот спортски клуб „Челични“, а претходно таа го освои бронзениот мелда на пливачкот маратон „Преспа 2024“, кој се одржа пред десеттина дена на Преспанското Езеро, исто така на трка од 2,5 километри, за што информираше телевизија М Нет.

Инаку ова беше петти Меѓународен пливачки маратон во далечинско пливање „Тоше Проески“.

Александар Ванев, М-Нет