
Штип веќе цела недела ја живее предновогодишната еуфорија. Гужвата во сообраќајот, продавниците, маркетите и на улиците сведочат дека и покрај кризите и инфлацијата, граѓаните не го занемаруваат дочекот на новата година и покрај тоа што велат дека исто нема да биде. Примањата се недоволни, велат граѓаните, ама можност за скромен и пристоен дочек ќе има. Сепак еуфоријата и можностите се релативна работа, заклучуваат тие, бидејќи сечиј џеб е различен.
Токму тоа е и најголемата желба на штипјани – намалување на цените и излез од кризата. Меѓутоа, за новата 2023 година пред сѐ си посакуваат многу здравје и среќа.
Годината беше турбулентна, заклучуваат граѓаните. Цените и предновогодишно, според нив, се исти, па треба од нешто да се скрати за да се овозможи барем некој пристоен дочек. Дел од нив оптимисти дека следната година ќе биде подобра, друг дел песимистично најавуваат уште полоша година во поглед на економијата и сиромаштијата.
Ребека Спасова М-Нет