
Штедењето на парите е една од најголемите инвестиици кои можеме да ги направиме за нас и за нашите блиски, наспроти ова противречува трошењето. Анкетираните граѓани за М-нет телевизија велат дека повеќе трошат отколку што штедат. Тоа е така затоа што и цените се високи а примањата пак не се доволни, и повеќе трошат на храна, пијалоци и сметки, па затоа не им останува многу за штедење. Додека има одреден број на луѓе кои парите ги трошат неконтролирано без јасна поставена цел.
„На се, се е скапо храната е скапа платите знаете какви се затоа народот повеќе троши“
Од друга страна пак луѓето кои штедат се сметаат за одговорни и зрели и кои размислуваат долгорочно и заштедените пари сакаат да ги наменат за нешто корисно и значајно во животот а оние кои трошат секогаш ке бидат во недостиг на пари.
„Тие што штедат, штедат имаат пари тие што немаат не штедат. На струја, вода, ѓубре, телевизии еве телевизиите поскапеле за 200 денари повеќе“
Важно е да се знае дека не постои вистински момент кога да се започне со штедење затоа што паралелно со примањата растат и потрошувачките желби. Најдобро е кога ќе се постави баланс и умереност бидејќи овие особини овозможуваат да уживаме во сегашноста додека пополека се подготвуваме за уживање во иднина.
Лаура Стојанова, М-Нет