
Штип и штипјани, научната фела, лекари и функционери на комеморација го одбележаа делото на големиот проф. д-р Методи Чепреганов. Во своите говори присутните беа согласни дека штипскиот, а светски невропсихијатар во својот 86 годишен живот оставни дела вредни за паметење.
Роден во Штип, Гимназија завршува во родниот град, а студиите на Медицинскиот факултет ги завршува во Скопје. Прво работи во амбулантата на текстилната фабрика Македонка, а потоа кариерата ја започнува на Клиниката за нервни и душевни болести при Медицинскиот факултет во Скопје. Оттогаш, со своите труд и работа прави многу за Штип, но е стипендист и во Франција, Белгија, Англија, а највисокиот орден го добива од Министерството за наука на Франција.
Над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на неврологијата и епилептологијата ќе останат да сведочат за една од најмаркантните личности во Штип. Неодамна Општина Штип, преку Советот, а во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ го предложи проф. Чепреганов за државната награда „11 Октомври“.
Ребека Спасова М-Нет