
Речиси 60 илјади денари му биле потребни на едно четиричлено семејство во месец јануари за минималните месечно трошоци, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија.
Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари. За граѓаните на терен и денеска цените се високи, а примањата нисоки. Дел од нив велат дека немаат ниту 30 илјади месечни примаља, а не камоли 60 за да купат се што им е неопходно.
Според податоците на Државниот завод за статистика, објавени вчера индексот на трошоците на животот во јануари 2023 година, во однос на претходниот месец изнесува 100,1, а индексот на цени на мало изнесува 99.6.
Лаура Стојанова М-Нет