Штипјанец физички нападнал две малолетни лица

На 21.09.2020 во 00.46 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 00.30 часот на ул.„Крушевска Република“ во Штип, А.Ј.(20) од Штип физички нападнал две малолетни лица. Според пријавеното, по кратко време дошол  Д.М.(37) од Штип, татко на едниот малолетник и физички го нападнал А.Ј. По комплетирање на случајот против А.Ј. и Д.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.