
Кардиохирургот и вљубеник во планинарството, д-р Сашко Кедев, искачи уште еден врв повисок од 8.000 метри надморска височина. Новото достигнување на Кедев е врвот Нанга Прабат во Пакистан, кој е деветтиот највисок врв во светот кој е на 8.125 метри над морското ниво.
Инаку, Кедев бил дел од десетчлена меѓународна екипа. Во 10:40 часот по локално време, тим од петмина алпинисти од повеќе земји, како и петмина непалски шерпаси, успешно се искачија на врвот, кој е деветтиот највисок во светот. Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те тн. „осумилјадарки“, односно врвови над 8.000 метри.
Штипјанецот Кедев досега ги освои највисоките врвови во сите седум континенти. Во 2009 година го освои Монт Еверест, а пред две години и Манаслу, висок 8.156 метри.
Ребека Спасова М-Нет