Штипјанецот Мартин Давков замина од Брера, Мите Цикарски четврто засилување за Вардар!

Досегашниот голман на прволигашот Брера Струмица, Мартин Давков си замина од клубот. 26-годишниот штипјанец кариерата ќе ја продолжи во нова средина во обид за поголема минута. Давков немаше преголема минутажа во Струмица, бидејќи прва опција во тимот беше Филип Купанов.

Во својата кариера голманот од Штип покрај за Брера настапуваше и за Брегалница, Тиквеш и Кит Го од Пехчево.

Вардар го договори четвртото зимско засилување за пролетниот дел, станува збор за 31-годишниот дефанзивец Мите Цикарски, кој всушност е повратник во Вардар.

Цикарски има богата интернацинална кариера, која започнува од Вардар, потоа следуваше Работнички, Брера Струмица и Македонија ЃП на домашната сцена, а пак во странство настапуваше во шампионатите на Грција, Кипар, Романија и Бугарија.

Претходно, Вардар се засили со Михал Пинтер, Михаил Маневски и Георгие Јанкулов.

Александар Ванев, М-Нет