Штипјанецот Зоран Николов го искачи највисокиот врв на Европа – Елбрус

Штипјанецот Зоран Николов, истакнат планинар и член на ПСК „Осогово“ – Кочани, успеа да го совлада највисокиот врв на Европа – Елбрус (5.642 мнв), сместен на планинскиот масив Кавказ во Русија.

Овој подвиг доаѓа по десетдневна експедиција, со што Николов уште еднаш покажа упорност, дисциплина и љубов кон планинарењето. Тој претходно веќе има значајни искачувања на Арменија, врвот Арарат во Турција, на масивот Памир во Киргистан, на Алпите во Швајцарија, Италија и Франција, како и на врвот Аконкагва во Аргентина.

Николов е еден од најистакнатите планинари во источна Македонија, а годинава на изборот за спортист на годината во Штип доби признание и плакета „Спортски амбасадор на град Штип“.

Со овој успех, тој ја заокружува уште една голема страница во својата богата планинарска историја и претставува вистинска инспирација за сите сегашни и идни љубители на планината.

Александар Ванев, М-Нет