Штипјанецот Дарко Стојанов ќе им суди на Македонија ЃП и Вардарски, Ристов главен во Штип, Костенчев ќе им суди на Борец и Осогово

Во недела на програмата ќе бидат натпреварите од 21. коло на Втората фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на сите осум второлигашки натпревари.

Дејан Младеновски ќе им суди на Башкими и Вардар Неготино, Дарко Котевски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Охрид и Победа.

Спире Арсов ќе им суди на Беласица и Новаци, Марјан Стојановски на Арсими и Каменица Саса, Дарко Стојанов ќе им суди на Македонија ЃП и Вардарски.

Никола Костенчев ќе го суди дербито од дното на Борец и Осогово, Ангелчо Ристов ќе биде главен судија во Штип каде ќе играат Брегалница и Скопје, а пак Боби Величков ќе им суди на Детонит Плачковица и Кожуф.

Сите натпревари од 21. коло на Втората лига ќе започнат во 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет