Штипски судии ќе го судат супер дербито Еуромилк ГЛ – Шкендија Арачиново

В недела започнува пролетната полусезона во Трета лига – Север со натпреварите од 14. коло.

Дербито го играа некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ и Шкендија од Арачиново, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да го следат оваа големо дерби за баражот за Втора лига.

Штипски судии ќе ја делат правдата на оваа мега пресметка.

Димитар Пилешков е главен судија, негови помошници ќе бидат Ристо Ѓорѓиев и Александар Гигов.

Четврт судија ќе биде Дарко Стојанов.

Делегат на мечот ќе биде Димче Маневски од Велес, а контролор ќе биде Бранко Манојловски од Берово.

Преносот на М Нет Спорт ќе биде в недела од 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет