
Новата сезона во Првата кошаркарска лига ќе се игра во еден поинаков концепт, всушност ова е Втората лига која од новата сезона ќе го носи името Прва лига, а пак Првата лига сега е ребрендирана во Суперлига.
Во Првата лига ќе се натпреваруваат 15 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи, односно група А која ќе брои седум екипи, групата Б ќе брои осум екипи.
Во група А ќе се натпреваруваат екипи на Охрид, Тетекс ТТК, Мега Баскет, Црн Дрим, Вардар, Младинец и екипата на Водно Санс.
Во групата Б ќе бидат осум екипи односно Бутел, Спортисимо, Струмица ФМП, Борец Баскет, Соколи од Штип, Ролинг, Овче Поле и Шкупи.
Во рамки на групата А екипата на Водно Санс ќе се соочи со Охрид, Вардар кој минатата сезона испадна од елитата ќе игра против Тетекс ТТК, Мега Баскет ќе го пречека Црн Дрим, а пак екипата на Младинец ќе биде слободна.
Во рамки на групата Б екипата на Шкупи ќе се соочи со Бутел, штипски Соколи сезоната ја отвараат со гостување кај Борец Баскет во Велес, во Струмица градско дерби на Ролинг со Струмица ФМП, а пак Спортисимо ќе игра со Овче Поле.
Александар Ванев, М-Нет