
Штипските пензионери започнаа да запишуваат дрва за наредната грејна сезона во Здружението на пензионери Штип. Запишувањето ќе трае до 15 март, а оваа сезона се очекува цената на огревно дрво да биде пониска за 10% споредбено со цената од минатата година. Претседателот, Ристе Нетков вели дека се отворени за сите пензионери да можа да запишат и навремено да добијат дрва за огрев за наредтана грејна сезона.
„Значи од оваа недела, од 1 февруари пензионерите започнаа со запишување на огревни дрва. Цената не е конечно формирана, но се надеваме дека ќе биде 10% понсика од ланската година.“ – вели Нетков.
Нетков посочи дека оваа сезона во соработка со Национални шуми ќе се обидат да обезбедат поевтини дрва за пензионерите од социјален ризик. На тој начин ќе им помогнат да набават оргевно дрво по пониска цена и да ја поминат престојната грејна сезона.
„Оние кои се од социјален ризик правиме напори со Национални шуми да обезбедиме количина на дрва што ќе ја добијат, но тоа нема да зависи само од нас.“ – вели Нетков.
Минатата година цената на огревните дрва се искачи до 5000 односно 4900 денари за метар просторен дрва. Инвалидски пензионери дрвата ги набавија по цена од 4800 денари.
Лаура Стојанова М-Нет