
Штипските пензионери и денеска излегоа на протест на плоштадот „Слобода“. Нивните барања остануваат исти како и претходниот период, односно стои барањето за линеарно покачување на пензиите и усогалсување на минималната пензија. Пензионерите децидни дека нема да се откажат од барањата се додека истите не бидат исполнети.
„Остануваме на нашите барања за линеарно покачување на пензиите од 5 000 денари и да се донесе закон за понатаму пензиите да се распределуваат линеарно. И трето 18 000 денари како најмала пензија и четврто партиципацијата на пензионерите треба да се укине во еден дел. Тоа се нашите заложби и секојпат ќе ги бараме. Нема да се откажеме бидејќи пари има, туку недостасува волја на партиите“ – вели Митев.
Пензионерите со низа прашања до надлежните институции, зошто расте процентот на пензионери кои имаат минимална пензија? Велат дека на ваков начин и со минимална пензија не може да се преживее месецот.
„Која е причината за вашата политика поради која процентот на пензионери со минимална пензија од околу 7% во 2018 година да порасне на околу 29% во 2023 година и какви мерки преземавте? Во однос на минималната пензија не е преземено ништо.“ – додава Митев.
Митев повика на масовност, бидејќи како што истакна колку повеќе пензионери се на улица толку се поголеми шансите да се слушнат и исполнат пензионерските барања.
Лаура Стојанова М-Нет