
Штипскиот пазар преплавен со прекупци – речиси 90% од производите се увозни, велат граѓаните, на лице место од пазарот. Тие се жалат дека домашните, свежи и квалитетни производи речиси и да ги нема, додека прекупците диктираат што се продава. Велат дека знаат да ги препознаат, па затоа секој петок внимаваат од кого купуваат. Многупати се случува да си заминат празни.
Повозрасните често ги препознаваат ваквите трикови, велат најосновно прекупците се познаваат по високата цена на производите, а подоцна и по квалитетот.
Во согласност со ситуацијата, граѓаните за нашата телевизија останаа децидни, поради фактот дека има се помалку земјоделци, ваквата појава е се повеќе зачестена. Согласни дека нема кој да работи, бидејќи постарите нема кој да ги наследи. Помладите или се зад границите, а и многу често ја напуштаат оваа гранка.
Иван Митев, М-Нет