Децата го губат видот – таблетите и телефоните им го оштетуваат здравјето, лекарите со апел на големо внимание

Децата го губат видот – таблетите и телефоните им го оштетуваат здравјето. Секојдневното користење на мобилни уреди ги напрега очите и доведува до сериозни проблеми со видот кај најмладите. Бројот на деца со оштетен вид расте загрижувачки. Очните лекари предупредуваат дека треба да се воведат ограничувања и да се обрне поголемо внимание на здравјето на децата. Препорачуваат само два часа користење на телефон во текот на денот, а потоа излегување во природа и гледање на далечина.

,,Со таквото изложување на повеќе саати во текот на денот со раобта на блиско, односно на телефони, се зголемува ризикот од неопија, односно појава на минус диоптрија, која што исто така не само што може да има диоптрија, тука се стимулира и таа доптрија да се зголемува. Така да постојат голем број на дечиња, кои што имаат за жал, уште од мали нозе, многу голема диоптрија, и имаат потреба од постојано носење на очила. Препораките се во текот на денот максимално тие да поминуваат два часа и тоа не во континуитет. Треба да се прави пауза, со тоа што детето ќе биде изложено на надворешни услови во надворешна средина, да гледа и на далеку.“, рече Шишарица

На рутински прегледи повикува офталмологот Шишарица, се со цел рано спречување на ваквите појави. Прегледи се препорачуваат и за лицата, кои што воопшто немаат проблеми, бидејќи како што рече таа, често во пракса кај ваквите лица може да се појави проблем.

Инаку, офталмолозите и понатаму советуваат граѓаните да не чекаат и секогаш навремено да доагаат на рутински прегледи. Како што велат, колку порано, толку подобро да се открие самото заболување.

Иван Митев, М-Нет